01

КОЈ Е ENZO?

Во 2002 година, Ferrari подготви производство на 399 Enzo Ferrari спортски  автомобили како лимитирано издание. Сите 399 автомобили биле понудени уште пред  да бидат произведени исклучиво на претходни клиенти, поточно сопственици на F40 и  F50 моделите и сите до еден биле продадени пред производството. 400тиот автомобил  бил произведен со цел да се донира на Ватикан.

Дека не сè треба да биде масовно  произведено, напротив, дека реткоста е еден од најголемите показатели на вредност во  денешно време беше инспирација за ENZO Menswear.

Затоа, во 2015 година го основавме ENZO. Колектив на брендови, од кои секој  од нив се истакнува со вештина и усовршеност во производството на еден сегмент од  машката облека. Ги избираме најдобрите брендови на одела, ги комбинираме со  најфункционалните и квалитетни кошули, и ги комплетираме со елегантни аксесоари.

Нашите парчиња се лимитирани во количината, а со тоа овозможуваме реткост и секогаш  нашата колекција да се менува во исто темпо со трендовите. Од оделата до  секојдневните парчиња, секој крој, материјал и боја ќе биде она што следно ќе го бараат нашите  клиенти.

Секое парче е избрано со многу умисла и споредување, за да вие бидете  сигурни дека секогаш го добивате најдоброто и без многу потрошено време да  изгледате добро во секој момент од денот.